ЗА ДУХОВНИ БЕРИЌЕТИ www.zevzek.com.mk Во сабота на 28 ноември започнува Божикниот пост кој ќе трае до 7 јануари кога ќе го прославиме Христовото раѓање. Правилото за овој пост е: понеделник, среда и петок, јадењата се подготвуваат на вода, вторник и четврток со масло за јадење, сабота и недела масло плус може и риба. Во деновите кога јадењето е подготвено на вода не е дозволено конзумирање алкохол. Под посна храна се подразбира храна во која нема млеко, јајца и месо. Телесниот пост го олеснува телото и ја прочистува мислата која му се предава на возвишеното. Духовниот пост подразбира смиреност, освестување за грешките што сме ги сториле и покајност за истите, неговорење пцости, немразење на другиот, милосрдие, посета на болните и затворениците, помош на бескуќниците, итн. Дали секој Христијанин треба да пости? Христијанин е човек кој верува во Исус Христос, а тој, во една пригода кога бил прашан како може да се победи нечестивиот одговорил: Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост. Ова е запишано во Евангелието според Матеј. Да се потсетиме, пред почетокот на својата јавна проповед, Исус постел 40 денови. Ви посакувам пријатни духовни бериќети. Започна Божикниот пост - премин портал preminportal.com.mk Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик 7 јануари - денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Во Православната црква практика е во текот на Божикниот пост
... (less)